Селекторот на Италија, Роберто Манчини, остана позитивен и по дебаклот на Аѕурите на гостувањето кај Германија од 5:2. Овој пораз дури е и поднослив ако се знае дека Германците во еден момент водеа и со 5:0, a во последниот дел од мечот гостите постигнаа два погодоци.
„Научивме некои важни работи. Пред мечот очекував дека може вака да загубиме. Секако, никој не сака да губи со 5:2, но ова е процес во кој работите може да тргнат во насока во која не посакувате. Лошо се браневме како екипа, им дозволивме на Германците премногу простор. Пристапот беше лош, физички не бевме достојни на задачата. Штета затоа што први имавме шанса за гол, но не ја искористивме. Имаме пет бода од четири меча, што значи дека сме одработиле добро. Мора да прифатиме дека Германија е на друго ниво во моментов во споредба со нас“, рече Манчини.
Во оваа група од Лигата на нациите, по четири кола, Унгарија е лидер со 7 бодови, Германија има 6, Италија е со 5, а последна е Англија само со два бода.