Селекторот на Италијанската фудбалска федерација, Роберто Манчини, најави дека репрезентацијата сериозно се подготвува за дуелот против Македонија и дека нема да го потценат ривалот.
„Со голема сериозност пристапуваме на овој меч. Се игра само еден натпревар и сè е можно да се случи. Не гледам фаворит на овој дуел. Иако на хартија пишува поинаку, јас не сакам така да размислувам. Македонците добро се бранат, а имаат и добра техника. Не треба да заборавиме дека ја победија Германија на гости во квалификациите. Мора да бидеме внимателни, тргнуваме од 0:0 и не треба да се залетаме. Ќе биде убаво што за првпат по две години ќе играме натпревар на кој стадионот ќе биде исполнет со 100 отсто од капацитетот“, најави Манчини.