Манчини: Помина еден месец, но уште го чувствувам разочарувањето

Селекторот на италијанската фудбалска репрезентација, Роберто Манчини, изјави дека иако поминало речиси еден месец од поразот од Македонија во баражот во Палермо, уште го чувствувал разочарувањето што нема да играат на Светското првенство.

„Помина еден месец од баражот за Мундијалот, но разочарувањето останува и понатаму. За жал, таквите моменти не заминуваат брзо од меморијата на човекот и не може да се направи ништо околу тоа“, вели селекторот на Аѕурите.

Манчини треба да го подготви својот тим, кој е европски првак, за двобојот со јужноамериканскиот првак Аргентина. На 1 јуни на „Вембли“ во Лондон, Италија и Аргентина треба да играат таканаречен интерконтинентален куп за титулата неофицијален светски првак.

Манчини истакна дека Имобиле и Инсиње ќе бидат во тимот, иако има и најави за смена на генерации.

- Оглас -

Најнови вести