Манчини веќе не треба да се појави во Саудиска Арабија, и онака им сврте грб (Видео)

Кога камерите го снимија Роберто Манчини како си оди кон соблекувалната уште пред да заврши пенал-серијата помеѓу селекцијата која тој ја води, Саудиска Арабија, и Јужна Кореја на Азиското првенство, делуваше шокантно за целиот фудбалски свет.

Овој италијански господин и легенда направи нешто што тешко дека ќе му биде простено. Има договор до 2027 година, но никој не верува дека Манчини ќе остане селектор на Саудијците.

Вечерва тој им сврте грб на своите играчи, покажа недоверба во нив и овие гревови тешко дека ќе му бидат простени. Можеби и тој самиот ќе си даде оставка. Италијанецот се вадел дека лошо пресметал и дека мислел дека пенал-серијата е завршена откако Саудијците утнаа втор пенал во четвртата серија.

https://twitter.com/i/status/1752409194420973652

- Оглас -

Најнови вести