Манџо до Хрговиќ: Конечно си најде соодветен спаринг-партнер

Хрватскиот фудбалер Марио Манџукиќ е во Загреб и размислува каде ќе ја продолжи кариерата, па имаше доволно слободно време да помине до салата во која тренира боксерот Филип Хрговиќ и да се запознае со човекот кој му понуди да спарингуваат во ринг.

Популарниот Манџо пред неколку недели бараше по социјалните мрежи спаринг-партнер за боксерски тренинг, а му се јави Хрговиќ, кој се надева дека ќе добие прилика да се бори и за светска титула во тешка категорија.

„Кралу, те чекам. Се надевам дека ќе можеш да ми пружиш некаков отпор“, му порача 28-годишниот Хрговиќ на шест години постариот фудбалер.

По тренингот, и Манџукиќ имаше што да каже.

„Конечно Филип си најде достоен спаринг-партнер. Задоволство ми беше да го запознаам еден од најдобрите тешкаши на светот и што видов како изгледа негов тренинг“, напиша Манџукиќ, кој од 5 јули е без клуб откако раскина со катарски Ал-Духаил.

- Оглас -

Најнови вести