Манџукиќ е слободен играч, чека повик од Италија

Марио Манџукиќ спогодбено го раскина договорот со катарскиот клуб Ал Духаил по само седум месеци соработка. Хрватскиот голгетер на „Твитер“ потврди дека е слободен играч, а веќе почна да се поврзува со враќање во италијанската Серија А.

За екснапаѓачот на Баерн Минхен и Јувентус, се интересира Милан во кого гледаат како замена за Златан Ибрахимовиќ. Меѓутоа може да се случи изненадување, бидјеќи амбициозниот Беневенто има намера да го обезбеди потписот на Манџукиќ, откако екипата на Филипо Инѕаги обезбеди камбек во елитата.

За Ал Духаил, Манџукиќ запиша само седум настапи од јануари наваму и запиша само еден погодок.

- Оглас -

Најнови вести