Мане: Баерн или Барса? Мој тим е Марсеј!

Ѕвездата на Ливерпул, Садио Мане, за кого се зборува дека ќе ги напушти Црвените, изгледа уште не одлучил каде да ја продолжи кариерата. Се шпекулира дека е пред трансфер во Баерн Минхен, но според најновата негова изјава, тоа е тешко остварливо.

„Баерн или Барселона? Не се лоши тимови, но не сум нивен фан. Ме ставате во незгодна позиција пред навивачите на Ливерпул. Мојот омилен тим е Марсеј“ – изјави Мане после мечот со Бенин, на кој стана прв стрелец во историјата на сенегалската репрезентација.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести