Мане: Доаѓањето во Баерн беше вистинска одлука за мене

Сенегалскиот репрезентативец Садио Мане вчера го облече дресот на Баерн Минхен, со што само се потврди тоа што со недели се најавуваше. По шест години поминати во Ливерпул, Мане се пресели во Баерн и откри дека воопшто не размислувал кога ја добил понудата да се пресели во германскиот гигант.

„Кога агентот првиот пат ми кажа дека Баерн Минхен се интересира за мене, бев воодушевен. Веднаш можев да се замислам во тој тим. За мене тоа е вистински клуб во вистинско време. Менаџерот ми рече дека има и други понуди, но во истиот момент почувствував дека Баерн Минхен е вистинскиот избор за мене. Ми се допаѓа спортскиот проект на овој клуб“, рече Мане.

Еден од најдобрите напаѓачи вели дека очекува со новиот клуб да освојува многу нови трофеи.

„Баерн е еден од најголемите клубови во светот и секогаш се бори за трофеи. Значи, доаѓањето во овој клуб е добра идеја и вистинска одлука“, додава Мане по промоцијата во најтрофејниот германски клуб.

- Оглас -

Најнови вести