Мане го даде најбрзиот гол во Мерсисајд дерби во Премиер лигата (Видео)

Садио Мане влегува во историјата на Мерсисајд дерби мечевите меѓу Ливерпул и Евертон, како стрелец на најбрзиот погодок во историјата на Премиер лигата. Напаѓачот на Ливерпул погоди по само два минути и 15 секунди за водство на „Гудисон парк“.

 

Ливерпул одлично почна, но Евертон не се уплаши. Домаќините израмнија во 19 минута со голот на Кејн, по одличниот удар со глава по еден изведен корнер.

Двата тима во првите 30 минути направија и по една принудна измена. Кај Ливерпул се повреди капитенот Ван Дајк, додека Колман ја напушти играта кај Евертон.

 

- Оглас -

Најнови вести