30.8 C
Skopje
недела, 7 септември 2025

Мане го направи тоа што Африка 27 години го чекаше на церемонијата за Златна топка

Садио Мане заврши на второто место во рангирањето за најдобар фудбалер во светот во изборот на „Франс фудбал“. Само победникот Карим Бензема заврши пред сенегалскиот репрезентативец и затоа Златната топка заврши во рацете на голгтерот од Реал Мадрид.

Второто место на Мане треба да е радост за целиот африкански континент затоа што за прв пат по 1995 година на пиедесталот меѓу најдобрите тројца има еден фудбалер од Африка.

Во 1995 година, Жорж Веа како фудбалер на Милан ја освои Златната топка. Веа беше прв и засега единствен африкански фудбалер со оваа награда, а сега, 27 години подоцна, Мане е само вториот играч од овој континент што бил меѓу најдобрите тројца.

- Оглас -

Најнови вести