Мане и Фирмино талични за Ливерпул, Лестер гази во низа, Арсенал пак се сопна (видео)

Ливерпул не го сочува минималното водство од 1-0 на гостувањето кај Кристал Палас, па сепак победи со 2-1 за ново задоволство за лидерот во Премиер лигата. Европскиот првак воедно го одржа непоразителниот учинок на 13 премиерлигашки меча.

Садио Мане можеше да ја донесе 12-тата победа за Црвените уште во 49-тата минута, меѓутоа Заха во последните десетина минути израмни на 1-1. Сепак, трудот го оправда Фирмино само неколку минути по израмнувањето на домаќините за конечни 2-1.

Ливерпул доби помош и од ВАР – системот, кој поништи гол за Палас во првиот дел. Домаќините погодија преку Томкинс, но голот не важеше поради што при прекинот имало фаул врз Ловрен.

Ливерпул сега има 37 бода и цврсто стои на првото место на табелата, додека Кристал палас со четвртиот пораз во последните пет натпревари останува на 15 бода и во долниот дел од табелата.

Лестер дојде до петтиот последователен триумф во Премиер лигата, совладувајќи го тимот на Брајтон на гости со сигурни 2-0. Четата на Брендан Роџерс го одржи победничкиот ритам со помош на Перес и Медисон со нивните погодоци во второто полувреме. Лестер со новиот позитивен резултат стигна до 29 бода за задршка на второто место.

Најголемото изненадување засега во ова коло се случи на „Емирати“ стадионот во Лондон. Арсенал се спаси од пораз против Саутхемптон, откако Лаказет израмни на 2-2 за Топчиите во шестата минута од судиското продолжение. За тимот на Емери ова е петти меч во низа во Премиер лигата на кој не освојуваат три бода. Светците на двапати водеа, прво преку Ингс во осмата минута, пред Лаказет да израмни на 1-1, а Ворд – Праус се исправи по промашениот пенал и реализира од одбиената топка за нова предност од 2-1, но сепак Французинот се истакна како спасител за лондончани.

https://twitter.com/Bomba9871/status/1198260771760877568

Останати резултати од 13-тото коло во Премиер лигата:

Борнмут 1-2 Волверхемптон, Евертон 0-2 Норвич, Ватфорд 0-3 Барнли.

- Оглас -

Најнови вести