Мане ќе добие понуда која нема да може да ја одбие

Садио Мане може да си замине од Ливерпул на крајот од сезоната и да го облече дресот на Баерн Минхен. Ова го најави познатиот германски новинар Флоријан Плетенбург, кој тврди дека спортскиот директор на Баерн Минхен, Хасан Салихамиџиќ, е воодушевен од Мане и дека изминатиов викенд лично разговарал со неговиот агент.

Во исто време и челниците на Ливерпул водат преговори со агентот на Мане за продолжување на договорот, но тоа е тешко веројатно.

Мане исто како и Салах, има договор со гигантот од „Енфилд роуд“ до јуни 2023 година, што значи дека ако не ја продолжи соработката со англискиот тим, голгетерот следното лето ќе може да си замине како слободен играч. Ако Мане не сака да продолжи договор со Ливерпул, клубот би бил принуден да го продаде ова лето за да може да заработи пари од неговото заминување.

Сенегалскиот репрезентативец дојде во Ливерпул во 2016 година од тимот на Саутхемптон. Во 265 меча во дресот на Ливерпул, Мане постигна 118 голови.

- Оглас -

Најнови вести