Германските медиуми открија дека Садио Мане во Баерн Минхен ќе зема бруто плата од 20 милиони евра, што го прави најдобро платен африкански фудбалер на светот.
Во Ливерпул, Мане имаше „скромна“ годишна плата од 12 милиони евра, што значи дека во Германија ќе заработува многу повеќе. Неговиот агент тврди дека парите не се причина за заминувањето од Ливерпул.
Како еден од најдобрите во светот и со игрите во Премиерлигата, ЛШ и африканското првенство, скромниот Сенегалец заслужуваше поголема плата од таа во Ливерпул. Со ваква плата, Мане ќе биде еден од најскапите играчи на Баерн.
Мохамед Салах од Ливерпул со неделна плата од 220.000 фунти, е втор на листата на најплатени Африканци. Египќанецот има договор со Црвените до следното лето, а за остане кај нив, им бара неделна плата од 400.000 фунти, што е премногу, па затоа клубот мисли дури и да го продаде и него летово.