Мане се врати, Сенегал загуби од Алжир

Алжир го доби првото големо дерби на Африканскиот куп на Нации, а на Сенегал не му помогна ниту кам-бекот на најдобриот играч Садио Мане.

Во тврд меч Алжирците искористија една грешка на противникот во второто полувреме и победија со 1:0. Победничкиот гол го постигна Јусеф Белаили на асистенција на Фегули во 49. минута.

Алжирците по успехот денеска се втората репрезентација по Нигерија што обезбеди пласман во осминафиналето, а се очекува истото да го стори и Сенегал, селекција која е меѓу главните фаворити и за титулата.

На популарните „Лавови од Теранга“ има останува уште мечот со Кенија во Ц групата и победа, па дури и реми ги води во нокаут фазата.

Алжир може да одигра и нерешено со Танзанија за да го одбрани првото место во групата.

- Оглас -

Најнови вести