Мане во Баерн ќе ги упропасти двете најдобрите години во кариерата

Садио Мане кој помина шест одлични години во Ливерпул, чека официјална промоција во Баерн Минхен. Сенегалскиот напаѓач постигна 120 голови во 269 меча за Ливерпул и сега игра во врвна форма, но реши дека му е потребен нов предизвик и тоа во дресот на најтрофејниот германски клуб.

Со ваквиот избор на Мане не се сложува некогашниот голгетер на Ливерпул, Дин Сондерс (57 години).

„Иако Баерн е голем клуб, тоа воопшто нема да биде предизвик за Мане. Ќе постигнува голови, секој меч ќе го добиваат со 5:0 и веќе сега се знае дека ќе ја освојат титулата. Тоа не е предизвик. Да се седне во фотелја, да се запали цигара, да се заигра за Баерн Минхен во трета брзина и да се упропастат двете најдобри години од животот како фудбалер. Не можам да верувам дека си оди од Ливерпул. Во последните шест месеци играше најдобар фудбал, на моменти едноставно беше незадржлив“, објаснува Сондерс кој беше најдобар стрелец на Ливерпул пред 30-тина години.

 

- Оглас -

Најнови вести