Мане во Баерн, Левандовски во Барселона, Ливерпул го добива најдобриот асистент на Барса

Најавениот премин на Садио Мане од Ливерпул во Баерн, може да биде официјализиран за неколку дена, а тоа ќе донесе и домино ефект на трансфер пазарот во Европа.

Откако ќе се засилат со одличниот Сенегалец, Баварците би можеле да се согласат да го продадат првиот стрелец Роберт Левандовски. За Полјакот интерес има од Барселона.

Играч кој сака да ја напушти Каталонија е крилото Осман Дембеле, па Французинот својата кариера би можел да ја продолжи во Ливерпул, како замена за Мане. Дембеле е играч кој фановите на Барса го обвинуваа за елиминацијата од Ливерпул пред неколку сезони, кога утна шанса за победа од 4-0. Во изминатава сезона, Дембеле беше прв асистент во шпанската лига.

- Оглас -

Најнови вести