Мане за неговиот живот како дете: Бос играв фудбал, немав образование и многу други работи

Сенегалскиот напаѓач Садио Мане е една од главните ѕвезди во овој преоден рок. По шест години во дресот на Ливерпул, голгетерот сега е нов играч на Баерн Минхен. Тој ќе биде најдоброплатениот африкански фудбалер во историјата на германскиот гигант, но и покрај милионите кои ги има на својата сметка, останува скромен, потсетувајќи на деновите од неговото детство, каде што буквално живеел во сиромаштија.

„Зошто би сакал десет автомобили „ферари“, 20 дијамантски часовници или два авиони? Што ќе направат тие предмети за мене и светот? Бев гладен и морав со моите родители да работам во поле. Преживеав тешки времиња, бос играв фудбал, немав образование и многу други работи, но денеска со тоа што го заработувам со играњето фудбал, можам да му помогнам на мојот народ“, вели Мане, кој е познат како голем хуманитарец.

Мане е познат по тоа дека во своето родно место има изградено болница, училиште, а и финансиски ги помага сограѓаните од родното место.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести