Шпанскиот репрезентативец Никола Миротиќ од денеска и официјално е нов кошаркар на Армани Милано.
Италијанскиот шампион доаѓањето на Миротиќ, кој летово се поврзуваше и со Панатинаикос и Партизан, го потврди со објава на социјалните мрежи.
Official: Nikola Mirotic signed his deal with Olimpia Milano.
The "Mirotic-Saga" is officialy over. pic.twitter.com/2gepDcgU9H
— George Zakkas (@ZakkasGeorge) August 3, 2023
Миротиќ, кој е роден во Црна Гора, усно се договорил со Партизан за да потпише двегодишен договор, но поради заканите кои пристигнале на негова адреса, одлучил да не доаѓа во Белград.
Потоа Миротиќ беше поврзуван со Панатинаикос, наводно му дал збор на сопственикот на тимот, Јанакопулос, дека ќе го носи зелениот дрес, но потоа исто така се откажал и на крајот потпиша повеќегодишен договор со Армани Милано.