„Манекените“ се во страшна форма, Партизан е последна жртва на машинеријата на Олимпија Милано

Екипата на Олимпија Милано се наоѓа во најдобра форма од сите евролигаши и има серија со која пласманот во плејофот во Евролигата, повеќе не изгледа невозможен, иако долго време беше претпоследна екипа на табелата.

„Манекените“ го совладаа Партизан со 76:62 и ја остварија шестата победа по ред во Евролигата, а вкупно 12-та сезонава и се вклучи во трката за пласман во разигрувањето за титулата. Италијанскиот тим е на само три победи од местото кое носи пласман во плејофот.

Триесет минути во Градот на модата се гледаше кошаркарската војна меѓу Еторе Месина и Жељко Обрадовиќ, а потоа во последната минута од третата четвртина, домашните започнаа серија од 15:0 со која поведоа со 60:46 и ги решија дилемите околу победникот.

Били Барон ја предводеше Олимпија со 14 поени, Брендон Дејвис постигна 12, а Кевин Пантер даде 15 поени за Партизан.

Реал Мадрид ја доби шпанската пресметка против Валенсија со 95:91 и сега има само една победа помалку од лидерот на табелата, Олимпијакос.

Најдобар кај Кралевите беше Дек со 18 поени, Таварес даде 14, доека кај Валенсија се истакнаа Џонс со 19 и Риверо со 17 постигнати поени.

Важен триумф во борбата за плеј-офот забележа Жалгирис над Асвел со 85:67, додека лидерот на табелата, Олимпијакос го декласираше Баерн во Пиреја со 102:74, а Виртус ја победи Алба и тоа во Берлин со 96:74.

- Оглас -

Најнови вести