Манестер продолжува со очајот, Тотенхем победи со 3:0 на „Олд Трафорд“ (Видео)

Манчестер јунајтед уште еднаш ги разочара своите навивачи откако на „Олд Трафорд“ загуби убедливо со 3:0 од Тотенхем, во меч од шестото коло на Премиер лигата. Црвените ѓаволи останаа со само седум освоени бодови и тоа е доволно за 12 место на табелата. Тотенхем со оваа победа се искачи на осмото место со 10 бодови.

Неполни три минути беа потребни за Тотенхем да поведе на ова гостување. Ван де Вен претрча речиси 60 метри, а потоа асистираше за Џонсон кој погоди за 1:0. Во 42 минута, Манчестер остана со фудбалер помалку откако директен црвен картон доби Бруно Фернандес.

На почетокот од второто полувреме гостите повторно се израдуваа, а овојпат Дејан Кулушевски беше стрелец. Тој погодок може да го видите ТУКА.

Конечните 3:0 ги постигна Соланке во 77 минута.

Manchester Utd 0 – [3] Tottenham – Dominic Solanke 77′
byu/SamDamSam0 inManchesterUnited

 

- Оглас -

Најнови вести