Манев блесна против Италија и Малта, а сега доби сјајна промоција во новиот клуб (Видео)

Јован Манев е едно од најпријатните изненадувања во репрезентативниот дрес на Македонија. Младиот 22-годишен дефанзивец одигра одлично во дуелите против Италија (1:1) и Малта (2:0), средби во кои Македонија освои четири од можните шест бода.

На дуелот против Малта, Манев дури постигна и гол, прв репрезентативен за него во третиот натпревар за Македонија.

Веднаш по враќањето од Малта, Манев доби одличен пречек во неговиот нов клуб, хрватскиот Осијек. Манев доаѓа како позајмен играч од турскатга Аданаспор, а Осијек треба на крајот од сезоната да го откупи неговиот договор, и тоа за сума од 1,5 милиони евра.

Пред да биде промовиран, Осијек на своите социјални мрежи истакна цитат од една од најпопуларните песни која е испеана за Македонија. „Таму кај што вечно сонцето сјае“ беше најава дека во клубот пристигнува еден сјаен фудбалер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести