Манев редовно игра во купот за Адана, денеска го виде извонредниот покер на Асомбалонга

Македонскиот младински репрезентативец Јован Манев повторно играше за Адана Демирспор во Купот на Турција и повторно настапи на меч со многу голови.

Во претходното коло, 21-годишниот Македонец дебитираше за турскиот прволигаш со победа од 5:0 во Купот на Турција, а и вечерва одигра од почеток до крај на извонреден меч со Назилиспор, што заврши со победа на фаворитот од 4:3.

Назилиспор е два ранга подолу од Адана Демирспор, но одигра извонреден меч и загуби дури со гол во 96-тата минута од пенал.

Вистинска доминација на теренот имаше од четирикратниот стрелец Брит Асомбалонга.

Репрезентативецот на Демократска Република Конго ладнокрвно го погоди пеналот во 96-тата минута за победа на Адана, а претходно даде уште три гола, па со покер го заврши трилер-мечот на стадионот „Јени Адана“.

Тимот за којшто игра Манев се пласира во 1/16-финалето на Турскиот куп и ја чека ждрепката за третото коло.

 

- Оглас -

Најнови вести