Манев си оди од Вардар, одличниот дефанзивец ќе го засили Вележ

Коста Манев одигра одлична сезона за Вардар, но соработката заврши, а договорот на дефанзивецот со „црвено-црните“ истече, па тој најверојатно ќе се пресели во Вележ од Мостар.

Преговори има, ги потврдија и медиумите во БиХ, па 26-годишниот дефанзивец ќе се сели во клубот што повторно ќе игра во најсилната лига на БиХ.

Манев одигра 27 натпревари за Вардар, а интересно е што грото од кариерата ја мина во клубови од Финска. Играше за Клуби 04, ПК-35, Викингит, Хонка, Интер Турку и Кеми, пред да се врати во Македонија и да потпише за Вардар.

- Оглас -

Најнови вести