32.8 C
Skopje
четврток, 17 јули 2025

Маневски: Имаме добра залиха од првиот меч, но нема да го потцениме ривалот

Специјално од Сан Марино, Трајан Маневски

Вардар одлично ја заврши дефанзивната задача во првиот меч против Ла Фиорета, кога најтрофејниот македонски тим победи со 3:0 и вечерва во Сан Марино треба да го завери местото во следната фаза. Михаил Маневски е фудбалерот кој царува по левата страна кај Вардар.

Маневски, кој одлично ја контролира дефанзивата, а кога е потребно прави транзиција во нападот и знае да биде опасен по противничкиот тим, вели дека Црвено-црните се подготвени за нов предизвик против Ла Фиорита. Тој потенцира дека најважно е да не се потцени ривалот.

„Атмосферата во тимот е на високо ниво. По првиот меч дополнително го запознавме противникот и го анализиравме. Не смееме да го потцениме тимот на Ла Фиорита и верувам дека ќе одиграме на исто ниво како на првиот дуел и ќе стигнеме до нова победа. Мислам дека резултатот од 3:0 ни носи добра залиха, но свесни сме дека нема потценување на ниту еден противник. Мора да одиграме на високо ниво за да ја завршиме работата тука во Сан Марино со уште една победа“, оптимистички најавува Маневски пред денешниот меч кој се игра од 21 часот во Сан Марино.

- Оглас -

Најнови вести