Ѓаволски добар потег на Бруно Фернандеш и одлична реакција на стрелецот Антони Марсијал и потоа уште еден итар потег на Мек Томинеј му донесоа голема победа на Манчестер јунајтед против градскиот ривал Манчестер сити во дербито на 29. коло во Премиерлигата.
Новото засилување за Јунајтед, Фернандеш со лоб од слободен удар во 30. минута ја прескокна одбраната на ривалот, а Марсијал реагираше голгетерски и шутираше од прва погодувајќи ја мрежата на лошо поставениот Едерсон.
https://www.youtube.com/watch?v=5-BqRO8-D9Y
Голманот на актуелниот англиски првак беше трагичар на мечот со уште една голема грешка во последните моменти од дербито. Се обиде да ја фрли топката со рака напред во 97. минута, но потегот му беше лош, а искористи Мек Томинеј. Играчот на Манчестер јунајтед од далечина ја погоди празната мрежа на гостите за победа од 2:0 на Црвените ѓаволи.
https://twitter.com/DillanMUFC/status/1236720622148956160?s=20
Јунајтед го задржа петтото место на табелата со 45 бода и остана во трката за место во Лигата на шампионите. Сити е на втората позиција со 57 бода, дури 25 помалку од лидерот Ливерпул.