Изминатото викенд-коло беше одлично за играчите на Sport Life, кои повторно покажаа дека се одлични типувачи, и тоа со школска игра на конечен тип.
Во уплатно место на Sport Life во Тетово е одигран тикет со 22 натпревари кои на тетовецот му донесоа нето-добивка од 147.332 денари и тоа со вложени 200 денари.
На тикетот има 22 натпревари и на сите е типувано само на конечен тип, и тоа на големите фаворити кои беа изминатиот викенд.
Без проблеми до победите дојдоа Ливерпул, Манчестер сити, Њукасл, ПСЖ, ПСВ, АЗ, Феенорд, Ренџерс, Баерн, Лајпциг, но критични беа неколку меча.
Портсмут до победата над Карлајсл од 1:0 дојде со голот на Шонеси во 93-тата минута, додека Арис голот за победа над Пансераикос го даде во 97-мата минута. ЦСКА Софија фаворитската улога против Пирин ја оправда со два гола во последните десетина минути од мечот откако по првото полувреме губеше со 1:0. Пресврт направија и Копенхаген против Вејле (2:1) и Шабаб против Сумгајит (3:1)
ВО СКОПЈЕ СО СТОТЧЕ ДО ДОБИВКА ОД 2.200 ЕВРА
На уплатно место на Sport Life во Илинден исплатен е тикет кој има нето-добивка од 134.703 денари, а уплатата е 100 денари. Вкупната квота изнесува 1,584, а се одиграни дури 29 натпревари на конечен тип, од кои на 26 се очекуваше победа на домаќините, а само три на гостите.
Играјќи на фаворитите, нервозите беа помали за обложувачот бидејќи сите екипи коишто играа на домашен терен, без многу драма ги освоија бодовите. Единствена мала неизвесност имаше на дуелот меѓу Монако и Мец, во кој гостите постигнаа гол уште во четвртата минута, но лидерот на табелата во Лига 1 во 55-та минута направи пресврт и предноста ја задржа до крајот.
Од трите гостински победи, Баерн Минхен и Ред Бул Лајпциг лесно ги освоија бодовите, додека Манчестер јунајтед победата од 2:1 над Шефилд јунајтед ја оствари со голот на Дало во 77-мата минута.