Шпанија има предност од 1:0 против Македонија во квалификацискиот меч за млади репрезентации до 21 година во Алкоркон.
Во првото полувреме домаќините, кои се и актуелни европски прваци, беа подобри и со предност ќе го почнат и второто полувреме.
Ману Гарсија погоди во седмата минута, а потоа младите македонски репрезентативци не успеаја да возвратат. Немавме ниту еден удар кон голот на Шпанците, па Алваро Фернандес остана без многу работа по првите 45 минути.
Ова е меч од шестата група за пласман на ЕП 2021 година, а и за двете репрезентации е четврти по ред.