Манчестер сити и Интер постигнаа договор за позајмица на швајцарскиот дефанзивец Мануел Аканџи. Италијанскиот клуб ќе плати 2 милиони евра за позајмицата, како и дел од неговата плата.
Во договорот е вметната и опција за откуп од 15 милиони евра, која автоматски ќе стане обврзувачка доколку Аканџи одигра најмалку половина од натпреварите оваа сезона и ако Интер ја освои титулата во Серија А.
Аканџи се поврзуваше и со градскиот ривал Милан, како и со Астон вила и Тотенхем, но на крајот ќе заврши во дресот на Интер.