Мануел Нојер го израмни рекордот на легендарниот Касиљас во Лигата на шампионите

Баерн Минхен конечно прикажа игра каква што се очекува од нив и убедливо го победи Лацио со 3-0, со што обезбеди пласман во четвртфиналето на Лигата на шампионите.

Баварците комплетно доминираа во текот на целиот натпревар и до победата дојдоа со двата погодоци на Хари Кејн и едниот на Томас Милер, а вкупно упатија дури 22 удари кон противничкиот голман.

Лацио дојде да се брани и упати само четири удари, но ниту еден не одеше во рамките на Мануел Нојер, па голманот на Баварците мечот го заврши со чиста мрежа. Тоа за него беше 57-ми пат да не прими гол на натпревар од Лигата на шампионите, со што го израмни рекордот на легендарниот Икер Касиљас, кој во својата кариера бранеше за Реал Мадрид и Порто.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести