30.8 C
Skopje
вторник, 8 јули 2025

Мануел Нојер можеби никогаш нема да ја одлежи казната за првиот црвен картон во кариера

Легендарниот германски голман Мануел Нојер во вторникот го доби првиот црвен картон во кариерата. Тоа се случи на дуелот против Баер Леверкузен во Купот на мечот на „Алијанц арената“.

Искусниот Нојер направи непромислен потег кога истрча надвор од шеснаесетникот и го фаулира гостинскиот играч, па заслужено доби црвен картон. Баерн Минхен со играч помалку не можеше да му парира на шампионот и дома загуби со 0:1, па беше елиминиран од Купот.

За исклучувањето, Нојер од Дисциплинската комисија заработи суспензија на следните два меча во Купот на Германија. Интересно е дека за оваа суспензија Нојер може никогаш да не ја одлежи казната.

Неговиот актуелен договор со Баерн му истекува на крајот од сезоната, па ако се случи да не ја продолжи соработката или Нојер следната сезона да игра во друг германски клуб, 38-годишниот голман воопшто нема да има потреба да ја одработи оваа суспензија.

- Оглас -

Најнови вести