1.8 C
Skopje
четврток, 11 декември 2025

Мануел Нојер не размислува за пензија, планира да остане во Баерн Минхен?!

Мануел Нојер во 2011 година пристигна во Баерн Минхен од Шалке за 30 милиони евра и за овие 14 години стана вистинска легенда на „баварците“, настапувајќи на 569 натпревари, а освои 12 трофеи од Бундеслигата, но и два од Лигата на шампионите.

39-годишниот голман неодамна го продолжи договорот со Баерн Минхен, а многумина сметаа дека ова ќе биде последната сезона во неговата професионална кариера. Сепак, Нојер не размислува така, а неговиот план е повторно да го продолжи договорот и да остане на голот на Баерн Минхен.

Веројатно ваквата одлука на голманот им оди во прилог и на раководството на „баварците“, кои ќе добијат повеќе време за ангажман на трајно решение за голманската позиција.

- Оглас -

Најнови вести