Баерн Минхен со 2:1 славеше над Борусија Дортмунд на „Алијанц Арена“ во големото дерби „Дер Класикер“ кое се играше во рамките на седмото коло од Бундеслигата.
Головите за домашниот тим ги постигнаа Хари Кејн во 22-та минута и Михаел Олис во 79-та минута, додека Јулијан Брант го постигна утешниот гол за гостинскиот тим во 84-та минута.
Оваа победа донесе и голем јубилеј за Мануел Нојер, кој влезе во историјата на Бундеслигата како играч со најмногу победи во ова натпреварување – дури 363 во 530 одиграни натпревари.
Со тоа, тој го надмина претходниот рекордер Томас Милер, кој го напушти Баерн ова лето за да потпише за Ванкувер Рапидс.
Нојер, кој пристигна во Баерн во јули 2011 година, одигра 571 натпревар за баварскиот клуб, а мрежата ја задржа недопрена 269 пати. Голманот досега има освоено 12 титули во Бундеслигата и два пехари во Лиги на шампиони, потврдувајќи го својот статус како еден од најголемите голмани во историјата на фудбалот.