Мануел Нојер во балканско издание: Со пиво и песна ужива на хрватските плажи (видео)

Мануел Нојер, голманот и капитен на Баерн Минхен, одморот до подготовките за ЛШ го поминува на хрватското крајбрежје. Изминативе денови често се наоѓаат видеа и фотографии од Нојер како се дружи со жители од местата што ги посетува, а последно е фатен на дело како пее стари хрватски песни покрај плажа.

Иако Нојер убаво се забавува, германскиот весник „Билд“ реагираше затоа што голманот на Баерн пее песни на контроверзниот Марко Перковиќ, главниот вокал на групата „Томпсон“, инаку наклонет на поранешната фашистичка организација „Усташи“.

Нојер одговори на весникот правдајќи се дека не го разбира хрватскиот јазик и не знаел што пее, а ниту пак го познава споменатиот пејач.

- Оглас -

Најнови вести