Мапата на Роналдо со 44 земји – Ја нема Македонија, најмногу страдаа Литванците и Швеѓаните (Фото)

Кристијано Роналдо ќе биде најдобар стрелец на сите времиња ако постигне само уште еден гол на Европското првенство откако вчера со два погодоци против Франција стигна до бројката од 109 гола во дресот на Португалија и го израмни рекордот на Али Даеи од Иран.

Триколорите се 44-та репрезентација на гол-мапата на Роналдо, а интересно е што големиот фудбалски ас не успеа да ја затресе мрежата на Македонија.

Нашата репрезентација не е на листата од 44 селекции на кои Роналдо им дал барем еден гол бидејќи единствениот меч што го одигравме досега со Португалија заврши нерешено без голови.

Португалија ѝ беше домаќин на Македонија на пријателскиот меч во мај 2012 година на „Луж“ во Лисабон и заврши без погодоци.

Најмногу голови Роналдо досега постигнуваше против Литванија и Шведска, по 7, на Андора, Унгарија и Луксембург им ја тресеше мрежата по шест пати, а Ерменија и Летонија се зад нив со по пет погодоци за Кристијано во дресот на португалската репрезентација.

Cristiano Ronaldo’s international goals by opponent from soccer

Во осминафиналето на Европското првенство што е во тек Португалија ќе игра против Белгија во едно од трите големи дербија, заедно со дуелите меѓу Англија и Германија и Шпанија против Хрватска.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести