23.8 C
Skopje
четврток, 11 септември 2025

Марадона беше фудбалски Бог, прв играч за кого се прашуваа дали е од оваа планета (Видео)

Како нуклеарна бомба низ светот одекна веста за смртта на Диего Армандо Марадона, за многумина кои го гледале, најдобриот фудбалер во историјата. Марадона ќе остане запаметен како човек кој на ист натпревар ги постигна најпознатите голови во историјата на фудбалот, но и му се насладуваше на животот, честопати и претерано. Проблемите со дрогата, подоцна и алкохолот, му ја скратија кариерата, но тоа беше Диего, еден и единствен. Да не беше таков, немаше толку да го сакаат.

Во 1986 година тој на Аргентинците им донесе голема радост, светска титула на Мундијалот во Мексико, а историско беше четвртфиналето против Англија, земја со која Аргентина војуваше неколку години претходно. Марадона со два незаборавни гола им се одмазди на Англичаните за поразот во војната на Фолкландските Острови.

Генијалецот почна да игра фудбал во маалскиот тим Себолјитас, со кого вели дека имале серија од 136 меча по ред без пораз. На 20 октомври 1976 година, десет дена пред 16-тиот роденден, дебитираше за Аргентинос јуниорс. Беше многу разочаран што не го повикаа да игра на СПО 1978, а во 1979 стана светски младински првак со Аргентина.

Во 1981 потпиша за Бока јуниорс, а настапот на СП 1982 му заврши неславно. Од 1982 до 1984 беше во Барселона, а потоа го направи најдобриот потег во кариерата, премина во Наполи. Со клубот освои Куп на УЕФА и титула во Серија А, па Марадона засекогаш ќе биде Бог на фудбалот за Наполитанците.

Во 1986 година беше најзаслужен за светската титула на Аргентина, трофеј кој во земјата на Гаучосите се чека оттогаш, а поминаа веќе 34 години. Четири години подоцна ја донесе Аргентина до финале, среќно, со победи на пенали во четвртфиналето и полуфиналето, но загубија со гол примен од сомнително досуден пенал. На СП во 1994 беше позитивен на допинг-тест и тука почна крајот на неговата играчка кариера.

Ова се голот со „Божјата рака“ и најубавиот гол во 20-ти век со Марадона, кој сам ја елиминираше Англија пред 34 години:

- Оглас -

Најнови вести