Марадона доби биста, но сите се шокираа кога видоа како изгледа (Фото)

Диего Армандо Марадона ќе се памти како еден од најголемите виртуози во историјата на фудбалот. Аргентинецот кого многумина го сметаат за најдобар на сите времиња, почина пред речиси две години, но уште е актуелен на фудбалската сцена.

Шпанскиот уметник Рафа Фери се потруди да направи биста со ликот на Марадона, која беше откриена за време на еден турнир во Аргентина. На откривањето на бистата на Марадона присуствуваше и претседателот на Фудбалската федерација на Аргентина, Клаудио Тапија, а кога беше промовирана бистата, сите беа збунети од ликот што го видоа.

Според многумина, бистата која е направена воопшто не личи на Диего Армандо Марадона и реакциите во јавноста се многу негативни.

- Оглас -

Најнови вести