Диего Армандо Марадона е успешно опериран во Буенос Аирес и е во стабилна состојба. Тој беше донесен во болница откако му се слошило и бил дехидриран и анемичен, а причината е згрутчување на крв во мозокот.
Операцијата траела околу 80 минути и докторот Луке, кој ја извршил операцијата, изјави дека фудбалската легенда е во добра здравствена состојба.
Аргентинецот неодамна наполни 60 години, а во знак на поддршка пред болницата во Плата се собраа голем број негови симпатизери.