26.8 C
Skopje
среда, 10 септември 2025

Марадона итно мора на операција

Здравствената состојба на Диего Марадона воопшто не е добра, по што уште вечерва ќе мора да оди на операција. Наводно има крварење во мозокот само по еден ден откако беше сместен во болницата во Ла Плата.

Докторот кој го третира Марадона, кој е еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, ги оттргна сомнежите за заразеност со корона-вирус, меѓутоа зафатот мора да се направи со цел да се спаси Марадона.

Инаку, Диего во петокот го прослави својот 60-ти роденден.

- Оглас -

Најнови вести