30.8 C
Skopje
вторник, 8 јули 2025

Марадона ќе добие споменик во срцето на Буенос Аирес

Легендарниот Диего Армандо Марадона ќе добие споменик во срцето на Буенос Аирес, односно во туристичкиот дел на пристаништето Пуерто Мадеро. Споменикот ќе биде покриен и ќе се протега на 1.000 квадратни метри, а се очекува дека ќе го посетуваат и над еден милион луѓе годишно.

Како што пренесуваат аргентинските медиуми, споменикот, односно меморијалниот центар за Марадона ќе го носи името „Меморијал М10“ и нема да се наплаќа влезница, но посетителите ќе може да остават донација.

Диего Армандо Марадона почина во 2020 година.

- Оглас -

Најнови вести