Наполи го совлада Калјари со 2-1 во меч од италијанската Серија А на кој поради повреда не настапи Елиф Елмас.
Виктор Осимен беше ѕвезда на вечерта. Нигериецот кој беше прогласен за најдобар фудбалер во Африка, најпрвин даде убав гол со глава за 1-0, а потоа приреди магија и асистираше до Хвича Кварацхелија за конечни 2-1.
Осимен жолнглираше и шест пати ја допре топката без таа да падне на земја, а потоа додаде до Грузиецот кој мајсторијата ја круниса со погодок.
Асистенцијата на Осимен и голот на Кварацхелија погледнете ги ТУКА.