Марадона на денешен датум за 4 минути ги даде двата најпознати гола во историјата (Видео)

На 22 јуни 1986 година, во четвртфиналето на СП во Мексико, пред 115.000 луѓе на стадионот „Ацтека“ се одигра дуел помеѓу Аргентина и Англија кој вечно ќе се памети. Во период само од четири минути, тогаш убедливо најдобриот фудбалер на светот Диего Армандо Марадона постигна два гола кои го одбележаа фудбалот.

Марадона спои контроверза и мајсторство. Најпрвин во 51-вата минита даде гол со рака за 1-0, но судијата Бин Насер од Тунис не виде дека аргентинската „десетка“ го измами голманот Шилтон со недозволен удар. Диего подоцна изјави дека голот бил дело на „Божјата рака“.

Само четири минути подоцна, Аргентина поведе со 2-0, а тој гол на Марадона важи за најубав во историјата на фудбалот. Марадона ја прими топката на својата половина, издрибла повеќе од половина англиски тим, го мина и голманот и погоди. Тоа беше чисто фудбалско совршенство, и тоа на важен меч на Мундијал помеѓу селекции на две земји кои четири години претходно беа во војна.

- Оглас -

Најнови вести