Поминува точно една година откако фудбалскиот свет остана без еден од најдобрите на сите времиња, Диего Армандо Марадона. Легендарниот Марадона почина од срцев удар на 25 ноември лани, на 60-годишна возраст.
Марадона имаше пет деца, а се чекаат ДНК анализи за две жени дали се негови ќерки. Доколку се потврди дека и тие се негови ќерки, богатството на Марадона ќе треба да се дели на повеќе делови.
Аргентинските медиуми откриваат дека ќе се води правна постапка за тоа кој треба и колку треба да добие од богатството што го остави Марадона. Меѓу работите на Диего Армандо, највредни се банкарските сметки ,кои покажуваат дека во швајцарските банки има 5-6 милиони долари.
Марадона во Дубаи има 30 отсто сопственост на еден елитен локал, пет отсто од сопствеништвото на фудбалскиот клуб Динамо Брест, како и амфибиски тенк во Белорусија. Тука се и правата за серијата „Марадона: Блажен сон“, во продукција на Амазон, во вредност од неколку милиони евра.
Има семејна куќа во Аргентина, два автомобили БМВ и едно комбе Хјундаи. Има и 14 часовници „хублот’, два „картие“ и три „ролекс“, како и четири вреди ѕидни часовници.
Четири телевизори, звучници, камери, мултифункционална куќна сала за вежбање, голем број торби полни со дресови, знамиња, награди пехари и друг вид спортска опрема.