Диего Армандо Марадона ја напушти болницата, откако било потврдено дека неговото здравје е во ред. Синоќа Марадона итно бил префрлен во болница поради внатрешно крварење предизвикано најверојатно од пукање на чир во желудникот. За среќа, по направената контрола и лекарската интервенција, Марадона бил пуштен од болница.
Дека не е ништо сериозно околу здравјето на Марадона, потврди и неговата ќерка Далма пред својот твитер профил. „“На сите оние кои се загрижени за мојот татко, им велам дека се е во ред и дека Џани е таму со него, а по некое време ќе си оди дома! Би ја објавила и фотографијата која ми ја испрати, но тоа не е мој стил, да објавам сѐ“, напиша Далма.
A todos los que realmente estan preocupados por mi papá les cuento que está bien, que Giani está ahí con él y que en un rato se va para su casa! Les publicaría la foto que me mandaron pero no es mi estilo publicar todo! 😛
— Dalma Maradona (@dalmaradona) January 4, 2019
Папараците го дочекаа Марадона по излегување од болницата, но тој воопшто не сакал да даде изјава. Иако се чувствува многу подобро, Диего ќе го пропушти отворањето на сезоната и првиот меч на неговиот тим Дорадос, со кој се натпреварува во втората мексиканска лига.