Марадона никогаш не му прости, а човекот меѓу првите изрази сочувство и рече дека е скршен (Фото)

Диего Марадона, кој денеска почина на 60-годишна возраст, беше феноменален фудбалер и темпераментен човек кој имаше проблеми со пороците, но никого не мразеше, па дури ни човекот поради кој „се утепал“ од плачење во 1978 година.

Тогаш 18-годишниот Марадона сметал дека треба да оди на Светско првенство, но селекторот Сезар Луис Меноти не го зеде во тимот. Аргентина тогаш за првпат стана светски шампион, а Марадона долго тагувал.

„Мислам дека требаше да играм на Мундијалот во 1978. Многу плачев. Не му простив на Меноти што не ме зеде и никогаш нема да му простам, но не го мразам“, изјави Марадона.

Подоцна тие делумно ги испеглаа односите, само една година подоцна, во 1979 освоија светска титула во младинска конкуренција, па честопати се фотографираа прегрнати, но онаа дамка од 1978 остана неизбришана во срцето на Диего кое денеска престана да чука.

 

Денеска Меноти има 82 години и тагува за смртта на „Десетката“.

„Скршен сум од веста за смртта на Марадона. Не можам да поверувам, не можам да зборувам, уништен сум“, изјави Меноти откако ја слушна лошата вест.

- Оглас -

Најнови вести