26.8 C
Skopje
среда, 10 септември 2025

Марадона пред 15 години кажа што сака да му пишува на надгробната плоча (видео)

Пред 15 години се случи едно од најинтересните интервјуа во светот на фудбалот. Во емисијата „Ла ноче дел 10“ гостуваше легендарниот Диего Армандо Марадона, а човекот кој ги поставуваше прашањата беше ни помалку ни повеќе, туку Диего Армандо Марадона.

„Божјата рака“ сам себе се интервјуираше, што беше вистинска атракција во тој период.

Ова интервју е посебно бидејќи Марадона првпат зборуваше околу својата евентуална смрт, која се случи денес на 60-годишна возраст. Диего откри дека на надгробната плоча сака да му пишува „Му благодарам на фудбалската топка“, за целиот успех што го доживеа во блескавата кариера.

Исто така кажа како би сакал да умре – природна смрт на стари години покрај своите внуци беше желбата на Диего.

За жал, моментот да му се исполни последната желба дојде.

- Оглас -

Најнови вести