Марадона пред 21 година играше за последен пат, а не го знаеше тоа

На 25-ти октомври 1997 година на стадионот „Монументал“ во Буенос Аирес се играше аргентинското суперкласико Ривер плате – Бока јуниорс, а ќе излезе дека тој саботен дуел е последен натпревар во кариерата за еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Диего Армандо Марадона.

Марадона беше стартер во тимот на Бока, а излезе од игра на полувремето, при водство на Ривер од 1-0. На негово место во игра влезе Хуан Роман Рикелме и гостите направија пресврт, славеа со 2-1. Мечот го следеа 60.000 фанови.

Еуфоричниот Марадона по мечот изјави дека во второто полувреме противникот се загубил на теренот и ништо не навестуваше дека ќе стави крај. Клучен ден беше 29-ти октомври, кога Диего имал разговор со неговиот татко. На 30-ти октомври Марадона наполни 37 години и со болка со душата јавно објави дека ќе му ја исполни желбата на татко му – ѝ стави крај на играчката кариера.

Тоа беше осмо, но конечно повлекување на Марадона, чија кариера и животот имаа многу светли и темни моменти, што го прават еден од најголемите играчи во историјата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести