Диего Марадона е пренесен во болница во Ла Плата и според аргентинските медиуми, тој вечерва ќе преспие во болницата. Здравствената состојба на 60-годишниот Марадона од поодамна не е стабилна, но најновиот проблем не бил поврзан со ковид-19, туку почувствувал слабост и дека не може да ја крене левата рака, а имал проблем и со одењето.
Засега нема други информации за состојбата на славниот ексфудбалер кој во моментов е вработен како тренер на Гимназија Ла Плата. Марадона бил негативен на тестирањето за корона-вирус, ќерка му Џанина изјави дека е тажна кога го гледа својот татко во ваква состојба, но најверојатно не станува збор за животозагрозувачка состојба.