Марадона со најнеобична желба во пресрет на неговиот 60-ти роденден

Славиот аргентински фудбалер Диего Армандо Марадона за четири дена ќе наполни 60 години. Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња беше запрашан која е неговата желба за роденденот, а Марадона, како и секогаш, ги изненади сите.

„Имам само една желба. Всушност, сонувам за тоа да дадам гол против Англија, но овојпат со десна рака“, изјави Марадона.

Познато е дека Марадона на Светското првенство во 1986 година постигна гол со рака против Англија во нокаут-фазата. Подоцна Гаучосите стигнаа до втората и засега последна нивна светска титула.

Корисниците на социјалните мрежи го потсетија Марадона дека неговата желба во сегашни услови нема шанси да му се исполни, потенцирајќи дека веќе некое време во фудбалот постои ВАР-систем кој ги лови сите ситуации што судиите нема да може да ги забележат.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести