30.8 C
Skopje
вторник, 19 август 2025

Марадона уште во 2017 година го советувал Перес да го донесе Мбапе во Реал Мадрид

Килијан Мбапе му донесе предност на ПСЖ по првата средба против Реал Мадрид од осминафиналето во Лигата на шампионите.

Како што е добро познато, Реал беше заинтересиран за услугите на Мбапе минатото лето, кога нудеше 200 милиони евра, а според многу информации, Кралскиот клуб е во „пол-позиција“ да го доведе овој играч, и тоа бесплатно, откако ќе му заврши договорт.

Платата којашто Реал ќе треба да ја издвои е најмалку 50 милиони евра на годишно ниво. Шпанскиот весник Марка открива дека Диего Армандо Марадона го советувал Флорентино Перес во 2017 година да го доведе Мбапе во Мадрид.

„Мбапе ќе биде тој што ќе е подобар од сите останати и му кажав на Перес да го доведе во Реал Мадрид, но тој не сакаше да слушне за тоа бидејќи ги имаше Кристијано Роналдо и Герет Бејл во своите редови“, своевремено изјави Марадона за овој весник.

- Оглас -

Најнови вести