Според многумина посебно постари љубители на фудбалот, Диего Армандо Марадона ќе биде подобар од Лионел Меси поради фактот дека легендарниот фудбалер ја Аргентина успеа да и ја донесе светската фудбалска титула, а на шесткратниот освојувач на Златната топка тоа уште не му успеало.
На Светското првенство во Мексико, Аргентина стигна до планетарниот трон, а еден од оние мечеви за кои уште долго ќе се зборува е дуелот меѓу Гаучосите и Англија. Аргентина победи со 2:1, а Марадона ги даде двата погодоци. И двата гола имаат посебна историја. Едниот е најконтроверзен во кариерата на Диего Армандо, а вториот е можеби и најубавиот кој го има постигнато.
За голот кој беше нерегуларен, а сепак беше признат, Марадона со рака успеа да го совлада Питер Шилтон, а тоа сепак да не го примети главниот судија на мечот Бин Насер. Диего вели дека соиграчите се чуделе како голот е признат, а тој им велел да молчат и да се радуваат.
„Скокнав, но знаев дека нема да биде доволно високо за да ја удрам топката со глава. Тогаш се сетив дека имам и рака и дека можам да се обидам да ја удрам со раката. Не ни знаев каде се наоѓа топката, погледнав и видов дека е во голот, па започнав да се радувам. Прв ми притрча Чечо и ме праша дали тоа дадов гол со рака. му реков да молчи и да ме прегрне за да се радуваме. Потоа дојде и Валдано, го добив истото прашање, а јас го дадов истиот одговор. Им велев на соиграчите да се радуваме, а потоа ќе зборуваме“, се сеќава Марадона.
Четири минути по тој контроверзен погодок, Марадона го покажа и целиот свој квалитет и успеа да го даде можеби најубавиот погодок во кариерата. Доби една топка на средината од теренот, направи „слалом“, успеа да помине 5-6 противнички играчи и да даде гол.